Роналдо пресече, заминува од Ал-Наср

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо објави дека дефинитивно го напушта саудискиот клуб Ал-Наср. По резултатски лошата сезона, раководството на клубот и Роналдо ги заострија односите, а тоа придонесе и за разделба.

„Ова поглавје е завршено. Но, приказната продолжува. Благодарен сум за сè“, објави Роналдо.

Прашање е каква одлука ќе донесе сега Португалецот. Дали ќе остане во Саудиска Арабија, но во друг клуб, или пак можеби ќе го исполни ветувањето дека ќе се врати во Спортинг Лисабон, каде што ќе стави крај на активната фудбалска кариера.

 

- Оглас -

Најнови вести