22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо пристигна во Мадрид, а светот го виде тоа што никогаш претходно не се случило (Видео)

Кристијано Роналдо веќе неколку месеци е дел од тимот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Токму неговиот трансфер беше иницијатива за голем број ѕвезди во летниот преоден рок да решат да заиграат во првенството на Саудиска Арабија. Едноставно, Роналдо отвори нов хоризонт во светскиот фудбал.

А и секогаш така било кога се работи за Роналдо. Португалецот е фудбалерот кој го имал преставувањето во нов клуб пред најголем број публика. Тоа се случи токму на 6 јули пред 14 години.

Во 2009 година, Реал Мадрид реши за тогашни рекордни 94 милиони евра да го купат Роналдо од Манчестер јунајтед. Вистинска еуфорија владееше во Мадрид, а тоа што потоа се случуваше на „Сантијаго Бернабеу“ е за историја. Рекордни 80.000 навивачи беа на стадионот да го поздрават новиот миленик.

https://twitter.com/i/status/1676866176494755840

Никогаш претходно, а и потоа не се случило еден фудбалер на промоцијата да собере 80.000 навивачи. Претходниот рекорд беше на легендарниот Диего Армандо Марадона, кога за преставувањето во Наполи се собраа 65.000 фанови. Роналдо постави нови граници кои засега никој не успеал да ги стигне.

Роналдо во Реал Мадрид помина девет години и за тој период постави бројни рекорди, кои тешко дека во скоро време некој ќе ги достигне. Одигра 438 меча во дресот на Кралскиот клуб и стана рекордер по бројот на постигнати голови (450), а имаше и 121 асистенција. Со Реал ги освои сите можни трофеи.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести