Роналдо пристигна во Словенија и предизвика еуфорија кај навивачите (Видео)

Португалија вечерва гостува кај Словенија во контролен меч, а кај домашните навивачи владее голема еуфорија. Иако резултатот нема да биде од посебно значење, домашните навивачи уште од вчера се активирани на највисоко ниво.

Тоа е така затоа што во Словенија првпат дојде Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија уште од пристигнувањето на аеродромот почувствува колку многу навивачи има во оваа земја.

https://twitter.com/i/status/1772337954729423024

Кога репрезентацијата на Португалија пристигна пред хотелот во којшто е сместена, стотоци навивачи чекаа само за да го видат и ако имаат среќа да го фотографираат од далеку.

- Оглас -

Најнови вести