Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди, а по синоќешната победа над Сампдорија од 2:0, Португалецот постави ново достигнување. Јувентус со трите бода по триумфот над Сампдорија, официјално ја потврди новата титула во Серија А. За Старата дама ова е деветта титула во низа, а втора за Роналдо во втората сезона како играч на гигантот од Торино.
Тоа што го прави Роналдо единствен во историјата на фудбалот е тоа што тој е првиот играч кој успеал да има повеќе од една титула во првенствата на Англија, Шпанија и Италија, според многумина, трите најсилни лиги во светот. Роналдо првата титула во Англија ја освои како играч на Манчестер јунајтед, а потоа уште двапати се радуваше со тимот од „Олд Трафорд“.
По трансферот во Реал Мадрид, Роналдо успеа двапати да биде и првак на Шпанија, а од синоќа во листата на трофеи му е запишан и вториот трофеј во италијанската Серија А.
Once again, Juventus are champions of Italy.
Cristiano Ronaldo: the only player with top-flight titles in England, Spain and Italy 👏 pic.twitter.com/4OBxyapaaM
— SportsCenter (@SportsCenter) July 26, 2020