Роналдо против Меси е можно само во финалето

За да гледаме дуел на екипите чии дресови ги носат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, ќе треба да почекаме до 1 јуни, за кога е закажано финалето. Ждрепката одлучи дека Јувентус и Барселона би се сретнале само во финале, ако двата тима стигнат дотаму.

Јуве и Роналдо најпрвин треба да ја оправдаат фаворитската улога против Ајакс, а ако успеат, како и секогаш кога играле против тимот од Амстердам во елиминациски мечеви, ќе имаат тешко полуфинале против англиски противник. Кристијано Роналдо ќе биде мотивиран против кого и да игра, па „старата дама“ има реална шанса да стигне до финалниот меч.

„Не сум ниту среќен, ниту тажен. Ајакс го елиминираше Реал, не се шега. Ми се допадна како играа во Мадрид, ќе мора да бидеме многу внимателни“, изјави Павел Недвед, кој беше претставник на италијанскиот првак на ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион.

 

Барса и Меси за финале против Јуве и Роналдо исто така ќе треба добро да се потрудат и испотат. Најпрвин имаат двомеч со секогаш незгодниот Манчестер јунајтед, а ако го минат, би налетале на ланскиот финалист Ливерпул, кој има германски тренер и не се плаши од никого.

Каталонците го победуваа Јунајтед во финалињата во 2009 и 2011, а кој ќе оди понатаму, зависи од формата на Меси. Кога тој дава гол, Барса секогаш оди понатаму, кога не дава гол, тимот испаѓа.

- Оглас -

Најнови вести