Роналдо против Меси во четвртфиналето од ЛШ, би било лудо!

Барселона и Ливерпул се последните два клуба кои синоќа обезбедија место во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Со тоа, веќе се знае кои осум екипи ќе се најдат утре во барабанот за ждрепката која ќе биде извршена во Нион. Правилата за ждрепката се едноставни. Секој може да се падне со секого, што значи дека нема фаворизирање ниту на еден тим. Веднаш по извлекување на четвртфиналните парови, ќе се знаат и вкрстувањата, кој со кого би играл во полуфиналето.

Во пресрет на ждрепката, правиме симулација за тоа кои би биле најинтересни двојки според нас.

Јувентус – Барселона – Кристијано Роналдо е херојот на италијанскиот првак, покажувајќи дека е создаден за големи мечеви во ЛШ. Претходните девет години Португалецот играше во Реал Мадрид и создаде огромен ривалитет со капитенот на Барселона, Лионел Меси.

Во осминафиналето, Роналдо речиси сам исфрли еден шпански тим. На Атлетико Мадрид му даде три гола покажувајќи дека уште е кошмар за градскиот ривал на Реал. Доколку има среќа во ждрепката, можно е да гледаме дуел на титаните, а Меси и Роналдо повторно да се надмудруваат на теренот еден против друг.

Манчестер ј. – Ливерпул – Дуел на двата најтрофејни клубови во Англија. Ривалитетот на овие клубови трае веќе три века. Манчестер е подобар по бројот на титули во Премиер лигата, но Ливерпул е „газда“ во елитната лига на УЕФА. Сезонава Ливерпул игра одлично во домашното првенство, но „црвените ѓаволи“ се како преродени по доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата. Ваков четвртфинален меч би бил уживање за сите фудбалски љубители.

Ајакс – Манчестер сити – Ова би било двобој на клуб со историја, традиција и многу трофеи, против клуб кој нема големи успеси низ историјата, но со многу пари создаде екипа која е моќна и способна за големи успеси. Ајакс има млада екипа, со многу талентирани играчи кои покажаа дека вредат со елиминацијата на Реал сред Мадрид и победата од 4-1.

Манчестер сити делува страшно, посебно по победата од 7-0 против Шалке во осминафиналето. „Граѓаните“ се решени дека ова е нивна сезона за историски успех во ЛШ. Многу докажани играчи, ѕвезди од светски калибар со Пеп Гвардиола на клупата се доволна причина сите да се плашат од помалиот тим од Манчестер.

Тотенхем – Порто – Англија доминира со четири екипи во четвртфиналето. Ако за Јунајтед, Сити и Ливерпул е очекувано да се во оваа фаза, Тотенхем покажа дека е клуб во кој одлично се работи и без големи ѕвезди. Лондонскиот клуб два преодни рока нема купено ниту еден играч, но создаде компактен состав од фудбалери кои одлично се познаваат.

Порто е клуб кој низ историјата знае како е да се радува на трофејот во елитното натпреварување на УЕФА. Темпераментот, страста и талентот кои го имаат играчите во оваа екипа покажа дека може да се носат со Рома, која лани ја исфрли Барселона.

- Оглас -

Најнови вести