30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Роналдо речиси сигурно нема да игра против Барселона

По еден ден откако му беше констатирано дека е заразен со корона-вирусот, Кристијано Роналдо се чувствува добро и од својата хотелска соба ги бодри соиграчите од португалската репрезентација. Роналдо моментно е во 10-дневна изолација, а потоа треба да се прави нов тест кој треба да открие дали го прележал опасниот вирус.

Фактот дека треба да се чекаат 10 дена за нов тест значи дека Роналдо треба да го пропушти мечот против Барселона во второто коло од Лигата на шампионите. Според протоколот на УЕФА, играч кој може да биде дел од натпревар во Лигата на шампионите или Лигата на Европа, седум дена претходно треба да приложи негативен тест на корона-вирусот.

Јувентус и Барселона треба да играат на 28 октомври, а тоа значи дека Роналдо мора да биде со негативен тест на корона-вирусот на 21 овој месец. Тоа би било тешко изводливо ако се почитува протоколот на 10-дневна изолација.

Освен денешниот меч на Португалија против Шведска, Роналдо сигурно нема да игра и во дресот на Јувентус за мечевите против Кротоне во Серија А и против Динамо Киев во првото коло од ЛШ. Засега е неизвесно дали Португалецот ќе добие „зелено светло“ да игра против Верона во првенството и на дербито против Барселона во второто коло од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести