34.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Роналдо реши да го прекине молчењето

Сагата околу иднината на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед продолжува, а за прв пат со свој коментар се јави и самиот фудбалер. Веќе подолго време се шпекулира дека Роналдо ќе си оди од „Олд Трафорд“, но никој ништо со сигурност не може да тврди како ќе заврши целата неизвесност околу тоа каде Португалецот ќе игра следната сезона.

Лут поради многуте невистини пишувања, Роналдо преку социјалните мрежи се јави со коментар дека медиумите мора да лажат за да привлечат внимание и на тој начин да заработат пари.

„Невозможно е да помине еден ден без да се зборува за мене во медиумите, затоа што така не би можеле да заработат пари. Знаете дека не може да привлечете луѓе ако не лажете. Само продолжете така, можеби еден ден некоја вест и ќе биде точна“, напиша Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести