Роналдо: Ривалството со Меси е измислено од медиумите

Кристијано Роналдо беше видно мотивиран да прикаже добра партија на „Камп ноу“, па со двата реализирани пенали ги трасираше Бјанконерите до убедлив триумф против Барселона.

Тоа беше прво гостување на Португалецот во Каталонија откако пред две и пол години го облече дресот на Јувентус и по речиси исто толку голд период, повторно ги одмери силите против Лионел Меси.

По мечот, Роналдо истакна дека никогаш не постоело ривалството со Меси, туку дека тоа е измислено од медиумите.

„Фактот што изминативе 12-13 години доминираме на големата сцена и заедно освоивме многу трофеи и признанија, не значи дека меѓу нас постои ривалство. Тоа е измислено од медиумите за да ги зачини возбудувањата на теренот. Со Лео имам прилично пријателски однос, ако го прашате него сигурен сум дека ќе добиете ист одговор. И двајцата секогаш сме имале иста причина да играме најдобро што можеме, тоа е за да им помогнеме на своите екипи“, истакна Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести