32.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Роналдо само во Саудиска Арабија заработи повеќе од Ѓоковиќ, Надал и Федерер заедно во кариерите

Тенисот се смета за спорт само за богати, спорт во којшто најдобрите заработуваат милиони само со неколку победи. Најпрославената тениска тројка во историјата е Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, играчите кои имаат освоено и најмногу гранслем-титули.

И покрај тоа што имаат зарботено многу милиони евра во кариерите, Федерер, Надал и Ѓоковиќ заедно немаат заработено колку што сам заработи Кристијано Роналдо и тоа само со играњето во Саудиска Арабија.

Португалската фудбалска суперѕвезда само по доаѓањето во Саудиска Арабија, каде што потпиша за тимот на Ал Наср, има заработено повеќе пари од тројцата тенисери кои доминираа две и пол децении на светската сцена.

Со играњето во Саудиска Арабија, Роналдо досега на своето конто инкасирал неверојатни 490 милиони долари (420 милиони евра), додека од друга страна, Ѓоковиќ, Федерер и Надал во кариерите вкупно имаат заработено 453 милион долари (387 милиони евра).

Интересно е дека Роналдо откако е дојден во Саудиска Арабија, за две и пол сезони не успеа да освои ниту еден трофеј во Саудиска Арабија или на меѓународно клупско ниво. Од друга страна, тројцата најдобри тенисери на сите времиња заедно имаат освоено вкупно неверојатни 66 гранслем-титули.

Важно е да се напомене дека Роналдо тие 420 милиони евра ги има заработено само од договорот со клубот Ал Наср, без да се сметаат спонзорските договори.

 

- Оглас -

Најнови вести