Португалија и Словенија играат без голови по првото полувреме во осминафиналето на Европското првенство. Кристијано Роналдо е во главна улога на теренот, но капитенот на Португалија едноставно не можеше да постигне гол.
Роналдо се обидуваше со удари со глава, со нога, со шутеви од далечина и директно од слободен удар, но никако не успеа да го најде патот на топката до мрежата на голманот Јан Облак.
Словенија е фокусирана на одбрана и преку контранапади се обидува да го загрози голот на противникот.