Кристијано Роналдо се израмни на второто место на вечната листа според бројот на настапи во европските купови и вечерва го игра 174-тиот натпревар, колку што има и легендарниот Паоло Малдини.
На врвот барем уште една сезона ќе остане Икер Касилјас, кој има 188 настапи, рекорд што за Роналдо е недостижен во овој циклус на натпревари во Лигата на шамоионите.
Најмногу што може Португалецот е да одигра уште 9 мечеви во ова издание на ЛШ ако Јувентус успее да стигне до финалето, па му останува евентуално следната сезона да атакува на првото место на вечната листа според бројот на настапи. Зад триото легенди е уште една голема ѕвезда на светскиот фудбал, Чави Ернандес, кој играше 173 пати во дресот на Барселона во еврокуповите.
Роналдо е рекордер во неколку категории во Лигата на шампионите. Португалецот има најмногу титули од сите играчи во историјата на ова натпреварување и петпати го креваше пехарот.
Тој е и топ-стрелец во ЛШ со 127 гола во 17 сезони, колку што игра со елитата, има најмногу голови во иста сезона, вкупно 17 и единствен фудбалер што постигнувал голови во серија на 11 меча, што исто така е рекорд.