Роналдо се огласи по драмата во Белград: Ја оштетија целата наша нација (фото)

 

Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија, преку „Инстаграм“ се огласи околу вчерашната драма која се случуваше во Белград за време на интересното реми меѓу Србија и актуелниот европски првак.

На Португалците, поточно на Роналдо, не му беше признат чист гол во судиското надополнување со кој избраниците на Фернандо Сантош ќе победеа со 3-2. Топката ја помина целата гол-линија, меѓутоа во недостик на гол-технологија и ВАР-систем, холандскиот судија Дени Мекели не ја промени одлуката и не важеше погодок.

„Да се биде капитен на Португалија за мене е гордост и огромна привилегија. Секогаш го давам најдоброто за мојата земја и тоа никога нема да се мени. Но, има тешки моменти со кои треба да се носиме, особено кога чувствуваме дека ѝ наштетуваат на целата наша нација. Ќе ги кренеме главите и ќе се соочиме со следните предизвици. Напред Португалија“ напиша Роналдо на популарната социјална мрежа.

- Оглас -

Најнови вести