Кристијано Роналдо на синоќешниот натпревар против Исланд го забележа 200-тиот натпревар за репрезентацијата и стана првиот фудбалер кој ја минал оваа магична граница.
Јубилејот и рекордот беа зачинети со погодок за победа, што претставува 122-ри гол во португалскиот дрес.
По тој повод, Кристијано Роналдо се огласи на „Инстаграм“ и напиша:
„Двеста натпревари со иста посветеност и одговорност како и првиот пат кога го облеков овој дрес. Еве ме, сè уште постигнувам голови, го следам мојот сон и секогаш давам максимум за нашата земја. Со љубовта за Португалија.“
Втор на листата со најмногу репрезентативни настапи е Бадер Ал-Мутава од Кувајт со 196 настапи, додека на третата позиција е Сох Чин Ан од Малезија со 195. Сепак, овие двајца фудбалери веќе ја имаат завршено својата кариера и не можат да го минат Португалецот. Доколку се сметаат само активните фудбалери, тогаш на втората позиција е Лео Меси со 175 настапи за репрезентацијата на Аргентина.