Роналдо „се пали“: Одвај го чекам утрешниот голем меч! (Фото)

Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, преку социјалните мрежи упати порака дека е мотивиран пред утрешниот голем меч од полуфиналето на саудискиот Суперкуп.

Клубот за кој од неодамна настапува Роналдо, Ал-Наср, во Ријад утре од 19 часот игра полуфинале со Ал-Итихад и за Португалецот тоа е голем меч. Во другото полуфинале, од 16 часот се среќаваат Ал-Феиха на Александар Трајковски и Ал-Хилал.

„Со нетрпение го чекам утрешниот голем меч. Напред тиму“, порача Роналдо, кој стави и две срца, сино и жолто, клупските бои на Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести