33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Роналдо се подготвува за живот по фудбалот, купи акции во компанија која продава луксузни часовници

Кристијано Роналдо одамна не е само фудбалер, туку и бизнисмен, а сега стана акционер во компанијата која продава луксузни часовници „Хроно24“.

„Имаме одлична вест за сите љубители на часовните во целиот свет, Кристијано Роналдо стана наш акционер“, објави „Хроно24“.

https://twitter.com/smutoro/status/1679153385679867904?s=20

Компанијата не објави колку пари вложил Португалецот, ниту колкав процент на акции купил. Хроно24 нуди 530.000 часовници за продажба, а нејзината интернет страница, месечно ја посетуваат повеќе од девет милиони посетители.

Роналдо е познат како голем љубител на скапоцени часовници, неговата колекција се проценува на околу шест милиони евра. Највредниот часовник во неговата колекција е од компанијата Френк Милер, Ван Клиф и Арплс со 474 дијаманти кој вреди околу 1.8 милион евра.

- Оглас -

Најнови вести