Кристијано Роналдо се пофали со сертификатот што го доби и е запишан во Гинисовата книга на рекорди за светски вредниот успех и 111-те голови за Португалија, најмногу во историјата на фудбалската игра кога се во прашање репрезентациите.
Португалецот постигна два гола против Република Ирска за победа од 2:1, со што го мина Али Даеи. Со Иранецот го делеа првото место со по 109 гола, но сега популарниот ЦР7 е осамен на врвот на вечната листа и го доби сертифтикатот во Гинисовата книга на рекорд.