Кристијано Роналдо блесна со четири гола за Ал-Наср во светото место за муслиманите, Мека, во Саудиска Арабија, а со неговите погодоци гостите славеа победа од 4:0 против Ал-Вехда.
Мека е светилиште и тука е роден пророкот Мухамед, а првото гостување на Роналдо мина блескаво за Португалецот.
По двапати беше прецизен во првото и во второто полувреме, а со првиот гол во 21-вата минута прослави огромен јубилеј – 500 лигашки голови вкупно за сите екипи за коишто играл.
Ronaldo with another goal for Al Nassr. My goat again! pic.twitter.com/I3SiaWnV4P
— Ghana Yesu (@ghanayesu) February 9, 2023
Интересно е што за три од четирите гола што ги даде Роналдо, а еден беше од пенал, имаше проверка со помош на ВАР-системот и конечната одлука беше во негова и во корист на Ал-Наср.
https://twitter.com/MdBadrulHasan16/status/1623757495423606784?s=20&t=kbly7w4GTDIeoXBYEXslmA
На вкупно само 3 меча за Ал-Нср во Првата лига на Саудиска Арабија, Роналдо даде пет гола, а неговиот соиграч Талиска, кој вечерва не настапи, е прв стрелец со 13 погодоци.