Роналдо за неколку секунди стаса од невидена утка до најчудна асистенција во кариерата (Видео)

Јувентус ја победи Џенова со 3:1 во меч со веројатно најчудната асистенција на Кристијано Роналдо во богатата професионална кариера.

Португалецот имаше голема утка од само еден метар во 22 минута, беше сам, но ја погоди стативата и за негова среќа топката се одби до Алвар Мората, кој погоди за 2:0.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1381240256914194432?s=20

Претходно, Дејан Кулушевски беше стрелец за Јувентус во четвртата минута, а последен на мечот погоди Вестон Мекени за победа од 3:1 на Старата дама.

https://twitter.com/go1als/status/1381232393533714432?s=20

Горан Пандев одигра 63. минути како стартер за Џенова, екипа за која почесен гол на мечот постигна Скамака во 49. минута.

Јувентус и по 30. коло остана на третото место со 62 бода, 12 помалку од лидерот Интер и еден од Милан.

Џенова е на 13. позиција со 32, 10 повеќе над опасната зона за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести