Во тек е натпреварот меѓу европскиот првак Португалија и Србија, средбата од квалификацискиот циклус за ЕП 2020 која се игра во Лисабон по првите 45 минути е 1-1. Сепак, главната вест од овој меч е повредата на Кристијано Роналдо.
Капитенот на Португалците во 28-мата минута заработи повреда на задниот дел на бутниот мускул, по што не можеше да продолжи со натпреварот и побара да биде заменет. Повредата го вклучи алармот во Торино, Јувентус сега ги чека првите медицински прегледи за да се утврди колку всушност е сериозна повредата на нивната суперѕвезда.
Ако мора да оди на подолга пауза, тоа значи дека Јувентус во четвртфиналето од ЛШ против Ајакс ќе игра без Роналдо. Првата пресметка е закажана за 16 дена (10 април), која ќе се одржи во Амстердам.
Од сезоната 2015/16, Роналдо се нема пожалено на мускулна повреда, но според неговата реакција, ова сигурно болеше.