34.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Роналдо се прости од неговата пријателка преку емотивна објава на Инстаграм (ФОТО)

Кристијано Роналдо речиси и никогаш да не пишува емотивни објави на социјалните мрежи, но вчера направи исклучок, а причина за тоа е смртта на жената на неговиот најдобар пријател, Хосе Семедо.

Хосе, кој во моментов настапува за Викторија Сетубал, остана без својата сопруга Сораја, којашто почиа пред неколку дена. Роналдо, кој го смета Хосе за свој брат, се прости од неа на социјалната мрежа „Инстаграм“.

„Постојат моменти кога фудбалот паѓа во втор план, а така е и сега. Минатата недела ненадејно почина неверојатен човек, нашата драга Сораја , жена на еден од најдобрите пријатели коишто животот ми ги има подарено.

Никој не може да ги избриште солзите и тагата која ги обзедоа Хосе и целото семејство, но секогаш сме заедно, а така ќе биде и во иднина. Почивај во мир пријателке, никогаш нема да те заборавиме“ гласеше објавата на Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

 

- Оглас -

Најнови вести