Роналдо се спаси, нема да оди во затвор во САД

Судот во Лас Вегас препорача да бидат отфрлени сите обвиненија против Кристијано Роналдо за силување, што значи дека Португалецот нема опасност да заврши во затвор. Ѕвездата на Манчестер јунајтед веќе подолго време се бори да докаже дека не е виновен против обвинениеја што ги изнесе девојката Катрин Мајорга, која тврди дека во 2009 година била силувана од Роналдо.

По неколку рочишта, Судот синоќа прв пат даде многу важен детал за овој случај, а тоа е предлогот за отфрлување на сите обвиненија од Мајорга.

„Задоволни сме од деталниот предлог на Судот на оваа тема и подготвеноста правилно да го примени законот со препораката за отфрлања на обвиненијата против Роналдо“, рече адвокатот Питер Кристијансен кој го застапува Роналдо.

Катрин Мајорга го обвини Роналдо за силување во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година. Неколку месеци подоцна, Роналдо се согласил да ѝ исплати 375.000 фунти на девојката, која подоцна сепак активираше обвинение, кое најверојатно ќе биде отфрлено.

 

- Оглас -

Најнови вести