Кристијано Роналдо стигна на еден гол до стотка во дресот на португалската репрезентација, а популарните европски Бразилци се пласираа на ЕП 2020 година и ќе ја бранат титулата, но не беше баш сè погодено на гостувањето во Луксембург за капитенот.
„Теренот беше како нива за садење компири. Беше многу тешко да се игра на ваков терен. И не знам кој дозволува на ваков ранг на натпревари и репрезентации да се игра на вакви терени“, изјави Роналдо.
Видливо беше дека условите за игра на „Жози Бартел“ беа тешки, особено за селекција што има исклучително добри техничари во составот, каква што е португалската.
Сепак, со головите на Бруно Фернандеш и на Роналдо Португалија славеше со 2:0 и си обезбеди настап на следното ЕП, кое ќе се игра следната година.
When Aaron Ramsey did this the other week to Ronaldo, I don't remember these kinda tweets. https://t.co/4rxIuj3NI4
— Adam McKola (@AdamMcKola) November 17, 2019