Роналдо сега се кае за изјавата во 2015 година бидејќи признава дека Меси е подобар од него

Лионел Меси синоќа доби уште една голема награда. По шести пат во кариерата ја освои Златната копачка, која се доделува на најдобриот голгетер во Европа. Минатата сезона Меси заврши со 36 голови во Примера дивисион и беше најзаслужен што Барселона ја одбрани титулата во шпанското првенство.

Со ова признание, Аргентинецот стана рекордер оставајќи го зад себе Кристијано Роналдо, кој во своите витрини има четири Златни копачки. Меси и Кристијано постојано се во трка за тоа кој има освоено повеќе награди, а Португалецот многу повеќе потенцираше колку му е важно да биде пред Лео.

Факт е дека Роналдо никогаш нема дадено гласови за Меси во ниту еден избор, додека Аргентинецот знаел да даде поени за Кристијано, иако тоа некогаш можело да биде и на своја штета во трката за трофеј.

Во 2015 година, Роналдо и Меси беа апсолутно доминантни во светскиот фудбал и се „јадеа“ за секоја награда. До тој момент, Роналдо на своето конто имаше освоено четири Златни копачки и три Златни топки, додека Меси можеше да се пофали со пет Златни топки и три Златнки копачки. Фактот дека тогаш Роналдо имаше една Златна копачка повеќе од Меси, го натера Португалецот да изјави нешто за кое сега сигурно се кае.

„Навистина ја сакам оваа награда. Тоа е најдобрата награда која фудбалерот може да ја освои. Може да ве одберат како најдобар фудбалер и да ви ја дадат Златната топка, но рабоата на напаѓачите е да даваат голови, а јас тоа навистина го сакам. За оваа награда се натпреваруваат сите играчи од европските лиги“, изјави Роналдо во 2015 година.

Ако уште е на мислењето од 2015 година, Роналдо за првпат автоматски признава дека Меси е подобар од него.

 

- Оглас -

Најнови вести