Роналдо: Сфатив дека за навивачите на Јуве два меча се најважни

Само во растојание од неколку дена, Јувентус ги игра двете најголеми дерби-дуели во Серија А. Во минатото коло успешно беше поминато „Дербито на Италија“, победувајќи го Интер со 1-0. Сега на ред е градското дерби против Торино. Иако Торино ја нема силата на најтрофејниот италијански клуб, сепак ривалитетот е на највисоко ниво.

Дека против Торино никако Јувентус не смее да си дозволи да изгуби, научи и Кристијано Роналдо, кој ја игра дебитантската сезона во Серија А.

„Еден од луѓето задолжени за грижа на нашите дресови дојде и ми кажа „мора да победите, инаку мојата мајка…“ Тогаш сфатив дека навивачите на Јувентус никако не сакаат да загубат од два тима, а тоа се Интер и Торино. Дерби-дуелите секогаш се посебни и мора да победиме. Смирен сум бидејќи знам кој квалитет го има нашиот тим, но сега ни претстои еден многу важен дуел“, рече Роналдо пред утрешното гостување кај Торино.

Роналдо сезонава одигра 20 меча за Јувентус во сите натпреварувања и има 11 голови и осум асистенции. Јувентус ја игра најдобрата сезона во историјата на Серија А, бидејќи по 15 одиграни мечеви, шампионот има 14 победи и само едно реми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести