Роналдо си кажа јасно и гласно: Не се вратив во Манчестер јунајтед да се борам за шесто место

Кристијано Роналдо очекува од новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник брзо да направи пресврт по заминувањето на Оле Гунар Солскјер и клубот кој е најтрофеен во Англија да се бори за врвот на табелата.

Моментно со 19 одиграни натпревари Црвени ѓаволи се на седмото место во Премиерлигата и се далеку од врвот на табелата со минус од 22 бода и со два меча помалку од градскиотривал Манчестер сити.

„Не се вратив во Манчестер за да се борам за шесто, седмо, осмо место. За ваков клуб секогаш се знае цела, да бидеме во Топ-3 на табелата. Бев многу јасен кога се вратив во клубот. Дојдов да играм за големи работи, за пехари. Сакам да сме во друштво на најдобрите екипи, а моментно сме далеку од тоа“, вели Роналдо.

И тој и екипата засега се мачат да стасаат до зацртаната цел, а Манчестер јунајтед е далеку од титулата во Премиерлигата.

И Роналдо трпи многу критики за односот кон дел од своите соиграчи, но тој има образложение.

„Кога јас имав 18 години бев многу поинаков. Поискусните ќе ми дадеа совет и го прифаќав за да напредувам. Денешните млади играчи не го сфаќаат тоа, не прифаќаат критика. Го знам тоа одлично, бидејќи и јас имам деца“ додаде Португалецот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести