Роналдо си направи нова фризура, па замина на одмор во највисоката зграда на светот

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, реши христијанскиот празник Божиќ да го прослави во муслиманска држава (ОАЕ), поточно во Дубаи. Португалската суперѕвезда пред заминувањето си направи и нова фризура, а задоволен од новиот имиџ, Роналдо за добро завршената работа, на стилистот му подари дрес.

Претходните денови девојката на Роналдо, Георгина, со децата беше на зимување, а по неколку дена на Алпите во снег, заминаа за Дубаи, каде што се најдоа со фудбалерот. Роналдо со семејството отседна во хотелот „Армани“, кој се наоѓа на првите 11 ката од Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот. Апартманот во кој се сместени чини 25.000 долари дневно.

Очигледно му се допаѓа таму бидејќи Кристијано и со поранешната девојка Ирина престојуваше во истиот хотел.

Но, не случајно Кристијано го одбра Дубаи. На 29 декември таму ќе има доделување на спортски награди во организација на Европската асоцијација на фудбалски агенти, европското клупско здружение и спортскиот совет. Роналдо е номиниран заедно со Ван Дајк, Салах и Меси.

- Оглас -

Најнови вести