32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Роналдо сигурно ќе игра во Манчестер, може ли Јунајтед да направи чудо и голем пресврт?

Оле Гунар Солскјер не ја исклучи можноста Манчестер јунајтед да се вклучи во трката за ангажман на Кристијано Роналдо, а битката е со големиот градски ривал Манчестер сити.

Норвежанецот истакна дека Роналдо би бил вистинско засилување за Црвените ѓаволи, клуб за којшто настапуваше од 2003 до 2009 година и остави одличен впечаток.

https://twitter.com/footballdaily/status/1431245019080531978?s=20

Роналдо веќе се прости со соиграчите и си замина од тренинг-центарот на Јувентус, а сè уште главен фаворит за негов ангажман е првакот Манчестер сити.

Неофицијално Сити му нуди на Јувентус отштета од 30 милиони евра и на Роналдо годишна плата меѓу 13 и 15 милиони евра. Се шпекулираше дека е можен трансфер на Португалецот во Пари Сен Жермен, а засега е јасно дека Кристијано ја заврши авантурата во Јувентус.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести