Роналдо славеше затоа што постигна 54 гола во 2023 година, но потоа дозна дека не го срушил рекордот

За нешто повеќе од еден месец Кристијано Роналдо ќе полни 39 години, а тој и понатаму е незадржлив за противничките одбрани. Португалецот и синоќа постигна еден гол, во победата на Ал-Наср на гости кај Ал-Тавон со 4:1 и на крајот стигна до 54 голови во 2023 година.

Со овој скор од 54 погодоци, Роналдо е најдобриот стрелец за 2023 година во светски рамки, што е неверојатно. Тој зад себе ги остави и ѕвездите како Килијан Мбапе (52 голови), Хари Кејн (52) и Ерлинг Халанд (50 голови).

Иако е најдобар стрелец во светот за годината која изминува, Роналдо сепак не успеа да го сруши клупскиот рекорд на Ал Наср по бројот на погодоци во една календарска година. Во 2019 година, дресот на Ал-Наср го носеше Амбаразак Хамдалах, кој во три сеозни постигна 115 голови во 109 мечеви во сите натпреварувања. Само во 2019 година, Хамдалах успеа да даде 57 погодоци во само 37 натпревари и постави клупски рекорд, кој Роналдо не успеа да го сруши затоа што застана на 54 гола во 2023 година.

Португалецот оваа година даде 10 голови во репрезентативниот дрес и тоа во квалификациите за ЕП 2024, каде неговата репрезентација заврши со максимални 10 победи. Останатите 44 голови, Роналдо ги даде во дресот на Ал-Наср, кој го облече во јаннуари 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести