12.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Роналдо сместен во најлошиот состав на Светското првенство

Кристијано Роналдо доби едно непријатно одличување на Мундијалот во Катар. Капитенот на португалската репрезентација е избран да биде дел од најлошиот состав на Светското првенство по мечевите одиграни во групната фаза.

Според статистичките пресметки на Sofa Score, Роналдо на ниту еден од трите меча немал поголема оценка од 6,8. По првите три средби билансот на Роналдо е еден гол и тоа против Гана од пенал во првото коло. Во дуелите против Уругвај и Јужна Кореја, Роналдо беше речиси незабележителен на теренот.

Покрај Роналдо, место во најлошиот тим на Мундијалот има место и за тројца играчи на домаќинот Катар, двајца од Костарика, двајца и од Канада и по еден играч од Саудиска Арабија и од Австралија.

- Оглас -

Најнови вести