Роналдо со емотивна порака се прости од славниот тренер: Тој беше диригентот, а ние оркестарот

Некогашниот тренер на Лацио, Интер и Наполи, Луиџи Џиџи Симоне почина вчера на 82 години. Симоне повеќе од една година се бореше со тешка болест, а вчера ја загуби битката.

Во повеќе од 30-годишната тренерска кариера, Симоне беше на клупата на над 15 клубови во Италија, а интересно е што една сезона работеше и во ЦСКА Софија. Додека работеше во Интер, Симоне му беше тренер на бразилскиот феномен Роналдо. Токму Роналдо е еден од оние кои не заборавија да се простат од Симоне.

„Џиџи Симоне за мене не беше само тренер. Еве и сега кога ќе се присетам, го доживувам како мудар и добар човек кој никогаш не ги тераше играчите да прават работи кои не сакаа да ги прават. Беше учител, а секогаш беше насмеан со мирен глас и секогаш подготвен да даде совет. Тој беше диригент, а ние бевме оркестар. Ти благодарам шефе што ме научи на многу работи за кои не ни можев да замислам дека некогаш ќе ми требаат“, напиша Роналдо на својот Инстаграм профил.

 

 

- Оглас -

Најнови вести