23.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Роналдо со еврогол од слободен удар ја израдува Португалија (Видео)

Кристијано Роналдо се врати во дресот на Португалија и веднаш блесна. Капитенот на Португалија немаше играно за националниот тим уште од Светското првенство во Русија, но сега повторно е во репрезентацијата.

Во полуфиналето од Лигата на нациите, Португалија има предност од 1:0 против Швајцарија, и тоа благодарение на погодокот на Роналдо од слободен удар. За Роналдо ова беше 86-ти погодок во 157 меча за Португалија.

Швајцарија имаше шанса да израмни, но ударот на Сеферовиќ заврши во пречката. Победникот од овој меч ќе игра во финалето против подобриот од средбата Англија – Холандија.

https://twitter.com/i/status/1136350448645001219

- Оглас -

Најнови вести