19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Кристијано со голот за Ал-Наср подобри неколку рекорди

Кристијано Роналдо започна да испишува ново поглавје во неговата неверојатна кариера. По повеќе од 20 години доминација во европскиот фудбал, Португалецот реши да замине во Саудиска Арабија и го облече дресот на Ал-Наср.

Еден месец откако беше промовиран во новиот клуб, Роналдо се израдува и на првиот погодок за Ал-Наср. На гостувањето кај Ал-Фатех тој погоди од пенал во 93 минута со што израмни на 2:2.

Со овој гол, Роналдо помести неколку граници во историјата на фудбалот. Ова е 22-ра година по ред во кои тој постигнува барем еден погодок. Низата ја заппочна во 2002 година и потоа секоја следна година погодува барем по еднаш.

Ова беше 820-ти погодок за Роналдо во кариерата, што исто така е светски рекорд, а Ал-Фатех е 170-тиот различен противник против кој тој погодува. Има дадено гол на 125 различни клубови и на 45 различни репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести