Роналдо со карактеристичниот небесен скок за малку ќе се повредеше (фото)

Кристијано Роналдо не беше меѓу стрелците на Јувентус во победата над Парма од 3-1, но барем се потруди неговото присуство на теренот да биде забележано.

При негатива од 0-1 на Бјанконерите, Роналдо правеше сè што може за да го изедначи резултатот, а поради еден негов обид да полета, заврши болно.

Роналдо при карактеристичниот небесен скок се судри со противнички играч, по што лошо падна на тревата. Португалецот падна директно на лицето, по што почна да се држи за устата и носот, но, за негова среќа, избегна повреда.

- Оглас -

Најнови вести