19.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Роналдо со меч во рацете облечен во традиционална носија го прослави големиот празник во Саудиска Арабија (Видео)

Кралството на Саудиска Арабија на 22 февруари го слави Денот на основањето, а за првпат дел од оваа прослава беше и Кристијано Роналдо. Португалската фудбалска ѕвезда која пред неполни два месеци направи трансфер во Ал-Наср, преку својот инстаграм-профил го честиташе овој празник постирајќи видео на кое се покажува како поминал Роналдо на прославата.

На видеото се гледа Роналдо како е облечен во национална носија, во еден момент од прославата носи меч како и сите останати луѓе, а имал време и да се напие традиционално кафе од филџан.

„Среќен ден на основањето на Саудиска Арабија. Беше специјално искуство да се биде дел од оваа прослава“, напиша Роналдо на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

- Оглас -

Најнови вести