Кристијано Роналдо нема да му помогне на Јувентус на вечерашниот дуел со Барселона од Лигата на шампионите, но од дома, каде што работи на одржување на физичката кондиција, им упати порака со поддршка на своите клупски колеги. Роналдо не може да биде на теренот бидејќи е позитивен на ковид-19. Португалецот на социјалните мрежи упати навреда до ПЦР-тестовите, но потоа ја избриша објавата.
„Напред момци! Сите заедно! До крај!“, порача Кристијано, кому многу му е криво што не може да игра против тимот за којшто настапува Лионел Меси.
Погледнете што прави Кристијано и како им даде поддршка на Бјанконерите:
https://twitter.com/i/status/1321494480877477889