Кристијано Роналдо е најскапоплатениот спортист за 2025 година пренесува реномираниот магазин „Форбс“. Според направените пресметки, Роналдо е убедливо најплатен спортист и во 2025 година заработил неверојатни 275 милиони долари. Португалецот кој има 41 година, има добиено 225 милиони евра од тимот на Ал Наср каде што настапува, плус дополнителни 50 милиони долари заработени надвор од теренот.
Сите останати спортисти се далеку зад Роналдо, а втор на листата е кошаркарот Стеф Кари со заработика од 156 милиони долари. Потоа следува боксерот Тајсон Фјури со 146 милиони долари, па НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони долари. Кругот од Топ 5 најплатени спортисти го заокружува Лионел Меси кој заработи 135 милиони долари во 2025 година.
Веднаш зад Меси е Леброн Џејмс со 133,8 милиони долари, а Форбс ги потенцираше најплатените 30 спортисти. Листата завршува со бејзбол играчот Блејк Снел со заработка од 67,5 милиони долари.


