35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Роналдо со нов гол за Ал Наср, но неговиот тим загуби на домашен терен (Видео)

Екипата на Ал Наср го претрпе првиот пораз сезонава во првенството на Саудиска Арабија и тоа на домашен терен. Тимот предводен од Кристијано Роналдо беше изненден и со 1:2 загуби од Ал Кадисија.

Поразот е уште поизненадувачки ако се знае дека Ал Наср прв даде гол и тоа благодарение на Роналдо. Португалецот беше прецизен откако најдобро се снајде во една мешаница пред голот на гостите. Погодокот на Роналдо може да го видите ТУКА.

Гостите не се предадоа и до полувремето израмнија на 1:1, а на почетокот од вториот дел, нивната најголема ѕвезда, Пјер Емерик Обамејанг погоди за комплетирање на пресвртот за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Ал Наср остана на 22 бодови од 11 натпревари што е шест помалку од лидерот Ал-Хилал кој утре гостува кај Ал-Калеџ.

- Оглас -

Најнови вести