Португалскиот интернационалец, Жоао Феликс, беше мета на жестоки напади поради одлуката да ја напушти Европа и да се пресели во Саудиска Арабија, каде му стана соиграч на Кристијано Роналдо во Ал-Наср.
Во Португалија медиумите се уште се занимаваат со таа тема, а одговор добија од Кристијано Роналдо, кој воопшто не беше „нежен“ кон нив.
„Идиотите не разбираат ништо од фудбал, а сепак даваат свое мислење.“ – напиша Кристијано Роналдо.
Неговата порака се однесува на португалскиот подкаст „Хувеирињо“, кој се чини дека е најжесток во нападите кон Жоао Феликс.