27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Роналдо со потписот за АЛ Наср си ги погази сопствените зборови кажани пред седум години

Португалскиот репрезентативец, Кристијано Роналдо, вчера стави потпис на најскапиот договор во историјата на фудбалот и од 1 јануари ќе игра во Саудиска Арабија за тимот Ал Наср, а со потписот си ги погази зборовите кажани во 2015 година кога гостуваше во шоуто на англискиот ТВ водител, Џонатан Рос.

Роналдо пред седум години изјави дека сака достоинствено да ја заврши професионалната кариера во Европа, а не во некоја егзотична земја како Катар, Обединетите Арапски Емирати, кои не се ништо подобри од Саудиска Арабија, кога станува збор за квалитетот на лигата.

„Сакам достоинствено да заминам во пензија, а не во САД, Катар или во Дубаи“, изјави Роналдо пред седум години.

Но, во меѓувреме, многу работи се променија, па Роналдо откако минатиот месец спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед, не можеше да најде европски тим. Португалецот сакаше да потпише за екипа која ќе игра во осминафиналето во Лигата на шампионите, се нудеше дури и на Ајнтрахт Франфурт, но никој не сакаше да го ангажира Роналдо.

Поради тоа, тој одлучи да ја прифати понудата на тимот од Саудиска Арабија и да го потпише најскапиот договор во историјата на фудбалот. Роналдо во наредните две и пол сезони ќе го носи дресот на Ал Наср, и за тоа време, од договорот, но и од продажбата на сувенири како и од новите спонзори во Саудиска Арабија, ќе инкасира неверојатни 500 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести