Роналдо со солзи во очите го заврши настапот на СП во Катар, а потоа доживеа невидено понижување од селекторот

Селекцијата на Португалија го заврши настапот на Светското првенство во Катар со поразот од Мароко (1:0) во четвртфиналето, а елиминацијата воедно значи и дека Кристијано Роналдо ќе остане без најважниот трофеј во фудбалот, а по натпреварот доживеа ново понижување од селекторот Фернандо Сантош.

Роналдо има 37 години и речиси сите сметаат дека тој против Мароко ги одигра последните минути на Светските првенства, а стадионот го напушти со солзи во очите.

По шокатнтната елиминација, селекторот Сантош даде изјава која ќе предизвика големи реакции во јавноста. Тој не беше задоволен од играта на своите фудбалери, призна дека Мароканците играле трпеливо и дисциплинирано и заслужено победиле, а анализата ќе се прави со ладни глави.

Потоа на ред дојде прашањето за Кристијано Роналдо кој повторно не беше дел од првиот тим и средбата ја започна од клупата за резервни играчи.

„Дали ви е жал за Роналдо и дали ви е жал што не го ставивте Кристијан во првиот тим“, гласеше прашањето на новинарите, по што следеше одговор на кој претставува вистинска шлаканица за најдобриот фудбалер во историјата на Португалија.

„Не“, кратко одговори Сантос.

- Оглас -

Најнови вести