Франција против Португалија е дербито кое утре ќе се игра во Лигата на нации. Светскиот првак ќе биде домаќин на европскиот владетел, во меч од третото коло. По првите два меча, двете селекции имаат максимални шест бода и се очекува голема битка на стадионот „Стад Д’Франс“.
Главна задача на Французите ќе биде да го сопрат Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија неодамна ја надмина бројката од 100 погодоци во репрезентативнит дрес, па во таа чест, против Франција ќе игра со специјални копачки. На Роналдо му беа исработени копачки на кој стои бројката 100, за да се одбележат неговите 100 погодоци за Португалија.
Ниту еден друг европски фудбалер во историјата нема дадено 100 погодоци за националниот тим.