Нов имиџ на Португалецот – Роналдо со „спидо“ фризура чека негативен тест (Видео)

Кристијано Роналдо има нова фризура, со која се пофали на „Твитер“, а денеска ги очекува резултатите од новиот тест на ковид-19.

Пред една седмица беше позитивен на корона-вирусот, но ја одржува формата со вежбање и со нетрпение чека да излезе од карантин.

https://twitter.com/Cristiano/status/1318885562602954758?s=20

Роналдо не играше за Јувентус против Кротоне во Серија А на меч што заврши нерешено 1:1 и вчера во Лигата на шампионите против Динамо во Киев.

Старата дама стартуваше во новото издание на ЛШ со победа од 2:0, но сега ги чека вистинскиот дуел во Г групата против Барселона на 28 октомври во Торино.

Ако Роналдо биде негативен на тестот, што треба да се знае денеска, речиси сигурно ќе игра против Лео Меси, што ќе биде прв дуел на двајцата фудбалски великани, а да не се работи за мечеви меѓу Реал и Барселона.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести