Роналдо со своите мајстории го премисли Брејди и го врати од пензија

Том Брејди одлучи да се врати од пензијата којашто ја најави пред 40 дена и да игра и наредната сезона за Тампа Беј буканирс. Легендарниот квотербек ги изненати сите со својата одлука и ќе игра во НФЛ-лигата 23-та година по ред.

Во саботата Брејди присуствуваше на „Олд Трафорд“, на средбата меѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем, каде што го гледаше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.

Малку повеќе од 24 часа подоцна, Брејди ги известил во Тампа дека ќе се врати да игра и наредната сезона. Многумина од навивачите сметаат дека „мастеркласот“ којшто го одржа Роналдо против Тотенхем со неговите 37 години е причината поради којашто квотербекот одлучи да игра и уште една година.

Вистинските среќници ќе имаат можност да го гледаат Брејди во Минхен бидејќи Тампа Беј еден од своите натпревари ќе одигра на „Алијанц арената“.

- Оглас -

Најнови вести