Роналдо сруши нов рекорд во Лигата на шампиони

Кристијано Роналдо летоска го смени тимот, но ги задржа старите навики да победува. И како играч на Јувентус, на Роналдо му оди одлично во Лигата на шампиони. Италијанскиот првак синоќа минимално, со 1-0 ја победи Валенсија и на тој начин си обезбеди место во нокаут-фазата.

Марио Манџукиќ го даде единствениот погодок на асистенција на Роналдо. Иако Португалецот не се запиша во листата на стрелците, тој се запиша со уште еден нов рекорд во Лигата на шампиони. Роналдо стана првиот фудбалер кој успеал да стигне до 100 победи во елитното натпреварување на УЕФА.

Роналдо може да се пофали дека сам има повеќе победи од дури 136 клубови кои биле дел од групната фаза во ЛШ. Освен што е рекордер по бројот на победи, тој има и најмногу голови постигнато досега, вкупно 121 погодок. Зад него е Лионел Меси со 105 голови, а сите останати се далеку зад нив.

 

- Оглас -

Најнови вести