Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, на 1 јануари со Ал Наср го потпиша најголемот договор во историјата на фудбалот со кој ќе заработува 200 милиони евра годишно, но не му ги простува долговите на Јувентус и поради тоа подготува тужба за Старата дама.
Според италијанските медиуми, Роналдо од поранешниот тим побарува речиси 20 милиони евра, поточно 19.54 милиони евра. Оваа сума му била ветена, но се уште не му е исплатена, и поради тоа Португалецот ги порача на своите адвокати да подготват тужба за Јувентус.
„Роналдо се подготвува парите од Јувентус да си ги бара по правен пат. За работите да бидат полоши за Јувентус, челниците на клубот треба да бидат сослушани во Арбитражниот суд поради финансиски малверзации“, пишува весникот „Република“.
Според весникот, Роналдо ја поседува целосната документација со која е убеден дека на суд ќе го добие спорот против Јувентус.
Ова ќе претставува дополнителен удар за Јувентус бидејќи денеска Фудбалската федерација на Италија на барање на обвинителството, му одзеде 15 бода од актуелната сезона поради финансиски малверзации.