Екипата на Ал-Наср направи светско поместување во светскиот фудбал откако во јануарскиот преоден рок успеа во своите редови да го доведе Кристијано Роналдо. По доаѓањето на Роналдо во Саудиска Арабија, летово голем број на светски ѕвезди го прифатија предизвикот, но и големата финансиска корист, да заиграат во оваа лига.
Освен Роналдо, во Ал-Наср пристигнаа и Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Ајмерик Лапорт, Отавио и Фофан. Шпекулациите беа дека челниците на Ал-Наср размислуваат да го доведат и Мејсон Гринвуд од Манчестер јунајтед, но против тој трансфер се побунил токму Роналдо.
Гринвуд и Роналдо беа соиграчи во Манчестер јунајтед, а кога Португалецот реши да си замине од „Олд Трафорд“ и да се пресели во Саудиска Арабија, Гринвуд даде еден суров коментар велејќи дека „кариерата на Роналдо е мртва“. Овие зборови на Гринвуд не останаа заборавени од Роналдо, па Португалецот по ниедна цена не сака да го види овој фудбалер во редовите на Ал-Наср.
🚨 Mason Greenwood has concerns he will NOT be able to sign for a club in Saudi Arabia because of a feud with Cristiano Ronaldo’ after he described Ronaldo’s career as ‘dead’. 🇸🇦❌
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/tUDjRrMwtX
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 23, 2023