Роналдо стигна до неверојатен јубилеј, а постави и нов рекорд

Кристијано Роналдо даде еден гол во победата од 3:0 на Јувентус против Динамо Киев, а со тоа Португалецот постави нови неверојатни постигнувања. Вечерашниот погодок беше јубилеен 750-ти гол за Роналдо во неговата сениорска кариера на клупско и на репрезентативно ниво.

https://youtu.be/vZ_b-JRIrtg

Од тие 750 голови, дури 450 му се во дресот на Реал Мадрид, а за Јувентус има постигнато точно 10 отсто од неговите погодоци.

Освен јубилејниот погодок, Роналдо постави и еден редок рекорд. Неговиот прв гол во Лигата на шампионите против Динамо Киев го постигна точно пред 13 години и 25 дена, односно во ноември 2007 година. Оттогаш, па до вечерва тоа е најдолгиот период во кој еден ист играч постигнува повторно гол против истиот клуб во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести