Враќањето во Англија му направи еден проблем на Кристијано Роналдо, можеби нема да може да присуствува на роденденската прослава на неговата мајка Долорес, која на 31 декември ќе наполни 67 години.
Календарот во Премиер лигата предвидува Црвените ѓаволи да играат меч против Барнли на 30 декември, а на 3 јануари играат со Вулверхемптон. Затоа има дилеми дали Роналдо ќе може за дочекот на Новата година да отпатува до Мадеира и да го прослави роденденот на мајка му заедно со неа.
Најреална е опцијата Роналдо никого да не остави на цедило, ни тимот, ни мајка му, туку помеѓу двата меча да замине со приватен авион до родното место.