Роналдо пак е цел на критики – Реагираше грубо, дамата во црвено остана без фотографија за спомен (Видео)

Кристијано Роналдо е голема фудбалска ѕвезда и честопати е цел на критики и кога е во право, па така е и со ситуацијата по првото полувреме на дуелот со Шериф, екипа што Манчестер јунајтед ја победи вчера со 2:0.

Се играше во Зимбру, Молдавија, а Роналдо конечно го постигна првиот гол за Манчестер јунајтед во новата сезона, откако погоди од пенал во финишот на првото полувреме за конечни 2:0.

По завршувањето на првиот дел, Роналдо како и сите останати играчи на двата тима заминаа кон соблекувалните и тогаш се случи интересна ситуација.

Една од претставничките на медицинскиот тим со знакот на УЕФА се обиде да направи селфи со Роналдо, но Португалецот не прифати.

Популарниот ЦР7 само одмавна со раката и ја збуни дамата, која не успеа да си направи фотографија за спомен со Кристијано.

Иако има остри реакции на социјалните мрежи за потегот на Роналдо, Португалецот е апсолутно во право.

И на полувреме мечот е активен, се играше европски натпревар со строги безбедносни протоколи, кои не дозволуваат фудбалерите да се вознемируваат, особено не од официјални претставници на мечот со знак или акредитација на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести